Skip to content
EN

Back to the catalog

360stepeni.mk
rss2Macedonian (North Macedonia)

НАСЛОВНА - 360 степени

360 степени · 360stepeni.mk · Macedonian (North Macedonia)

ShareTweetShare

rss2 wordpress content atom dc sy

Open the feed

https://360stepeni.mk/feed/

Last post
Sep 25, 2026
Posts in 24 h · 7 days · 30 days
1 · 10 · 10
Our last check
Answering
Served from
United States
Text score at discovery
5,741
Format
rss2
Features in the feed
content, atom, dc, sy
Community
wordpress

Posts

What our queue read from this feed. Open one to read it here, or go to the site that published it.

  1. Потврдена поддршката за европскиот пат на земјата заснован на објективен и мерлив напредок – препораки од 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ – РС Македонија
    Sep 25, 2026 · original
    Фокусот, според препораките, треба да биде врз спроведувањето на правото на ЕУ, усогласувањето со европските вредности и принципи, Копенхашките критериуми, преговарачката рамка и принципите на добрососедски односи Во документот се наведува дека Северна Македонија останува меѓу кандидатите со најдолг кандидатски статус што го има добиено пред повеќе од две децении и во таа насока се повикува Советот да ги отвори преговорите за Кластерот 1 штом ќе бидат исполнети соодветните критериуми Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Европската Унија и Северна Македонија ја потврди поддршката за членството на земјата во ЕУ. Во заедничките препораки од 25. состанок на комитетот, одржан на 24 и 25 септември во Скопје, како области во кои се очекуваат резултати се владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, основните права и добрососедските односи. Комитетот бара напред
  2. Луѓето зад платформата сакаат со пуч да го преземат СДСМ, но нема да им помине – вели Филипче
    Sep 25, 2026 · original
    „Каква реформа бараат овие луѓе? Пак ќе кажам, јас сум спремен да се сретнам со кој било и да дебатирам на која било тема. Јас знам дека секоја дискусија тие ќе ја загубат, затоа што намерите не им се искрени и чесни. Не може пратеник којшто е избран, Славјанка Петровска, на која СДСМ ѝ дал мандат, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди таму на дебати и да се расправа за партијата којашто ѝ дала доверба да биде пратеник.Тоа се нелогичности и оттука произлегува нивната нечесна намера“, изјави денеска лидерот на СДСМ Лидерот на СДСМ рече дека луѓето кои што сега бараат одговорност од него се оние кои учестувале во пишувањето на програмата на СДСМ за изборите во 2024 г., кога партијата го доживеа најголемиот пораз на парламентарни избори Тоа е платформа која е новиот ЗНАМ, чии членови сакаат со пуч да ја преземат партијата. О
  3. Четиринаесетгодишник нападнат со нож од свој соученик во училиштен тоалет
    Sep 25, 2026 · original
    Инцидентот се случил во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, а во полиција го пријавила мајката на детето Момче на 14-годишна возраст вчера било нападнато со нож од свој соученик. Инцидентот се случил во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, а во полиција го пријавила мајката на детето. „Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот, Ф.А. (43) од Скопје пријавила дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му исеченица во пределот на раката“, соопштија од МВР. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. The post Четиринаесетгодишник нападнат со нож од свој соученик во училиштен тоалет appeared first on 360 степени .
  4. Јаневска: Ќе анализираме дали има можност за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк
    Sep 25, 2026 · original
    ​На прашањето дали МОН може да помогне со субвенција за меѓуградскиот превоз поради зголемени цени на билетите, таа рече дека и таа иницијатива, кога ќе стигне во МОН, ќе биде разгледана и ќе биде одговорено во рамките на буџетските можности Треба да се направи анализа за да се види дали има можност за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по најавата на студентските организации дека до МОН ќе достават иницијатива за зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк, која во моментов изнесува 140 денари. Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: МИА ​„Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите како и досега, и ќе одговориме во рамките на нашите можности. Ќе треба да се направи анализата и потоа ќе им одговориме и на студентите и јавно“, рече Јаневска при посе
  5. Малолетници нападнале, соблекле и снимале 6-годишно дете во соблекувалната на училишната спортска сала во Кочани
    Sep 25, 2026 · original
    Случајот во полиција го пријавил таткото на детето информирајќи дека шест и полгодишникот бил нападнат од неколку други малолетници, поголеми од неговото дете Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од страна на група малолетници во соблекувалната на спортската сала на основното училиште во Кочани. Илустративна фотографија Случајот во полиција го пријавил таткото на детето. „На 24.9.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“, информираа од Министерството за внатрешни работи. За случајот се известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјална работа. The post Малолетници нападнале, соблекле и сним
  6. Од 12 октомври стартува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
    Sep 25, 2026 · original
    „Имаме уште околу две недели да ги завршиме преостанатите активности околу командниот центар за овој паметен систем да го ставиме во функција и во овој дел од државата“, изјави министерот Тошковски за време на посетата на СВР Охрид Системот за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 12 октомври започнува со примена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се при крај подготовките на командниот центар во СВР Охрид, неопходни за старт на „Безбеден град“ во овие градови. Панче Тошковски, министер за внатрешни работи / Фото: МВР „Имаме уште околу две недели да ги завршиме преостанатите активности околу командниот центар за овој паметен систем да го ставиме во функција и во овој дел од државата. Со раководството на СВР Охрид начелно се договоривме дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври“
  7. (ВИДЕО) Кузеска: Лобистите на Мицкоски ги плаќа трговец со оружје поврзан со криминални кланови во соседството
    Sep 25, 2026 · original
    Портпаролката на СДСМ на денешната прес-конференција изјави дека сопственикот и директор на компанијата „АТС груп“, наводно, бил апсен во Србија во случај на давање мито за доверливи информации за муниција. Тој, како што кажа портпаролката, потоа бил пуштен на слобода откако казната му ја платил извесен Александар Милојевиќ, кој подоцна бил обвинет за помагање при пренос на пари од шверц на кокаин Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска излезе со нови обвинувања во врска со фирмата од Скопје која, како што тврдат од партијата, ѝ плаќа на американска лобистичка компанија за промоција на теми кои се претставуваат како стратегиски државни приоритети на Македонија. Од денешната прес-конференција на портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска / Фото: СДСМ Повикувајќи се на документи и истражувања на Балканската истражувачка новинска мрежа (БИ
  8. Работиме на надминување на слабостите констатирани од ДЗР – вели директорот на Пазарниот инспекторат
    Sep 25, 2026 · original
    „По стапување на должноста, од наша страна беа согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува институцијата. Токму поради потребата од целосен и независен увид во состојбите, беше поднесено барање за спроведување ревизија до ДЗР“, изјави директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски Државниот пазарен инспекторат активно работи на надминување на констатираните слабости и на воспоставување поефикасен и пофункционален систем на работа – изјави денеска директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, по извештајот во кој Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за објективноста на финансиските извештаи на ДПИ за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Фото: МИА „Државниот пазарен инспекторат презема конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци, зајакнување на човечките капацитети, подобрување на финансиската и м
  9. Oтворени сме за дијалог, но Скопје мора да ги испорача обврските – вели Софија по барањето на Муцунски за вклученост на ЕУ во процесот
    Sep 25, 2026 · original
    „Бугарија ја поддржува работата на Европската комисија со секоја од земјите што преговараат за членство, оценувајќи ги резултатите постигнати во рамките на Европскиот совет. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни своите обврски и да ги започне потребните промени за да продолжи напред по својот европски пат“, велат од бугарското МНР откако министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека од големо значење е во сите понатамошни разговори со Софија да биде вклучена и ЕУ Северна Македонија мора да ги исполни своите обврски и да ги започне потребните промени за да продолжи по својот европски пат. Ова е ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија во врска со неодамнешната изјава на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, кој рече дека од голема важност е вклученоста на Европската Унија во сите понатамошни разговори со официјална Софија. Министерството за над
  10. СДСМ: Документите што покажуваат дека фирма поврзана со Ќуркчиев добила државен тендер се јавно достапни
    Sep 25, 2026 · original
    Според партијата, овој момент е потврда дека членовите собрани околу демократската платформа всушност одработуваат за власта, во насока на ситнење и слабеење на опозицијата Се заоструваат реториката и нападите на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) кон своите членови и поранешни високи партиски функционери кои незадоволни од актуелното раководство решија да се обединат во демократската платформа. Седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) / Фото: Архива Во фокусот на обвинувањата од СДСМ е поранешниот генерален секретар на партијата, Никола Ќуркчиев, кој е дел од платформата, за кого актуелното раководство тврди дека добил тендер од државна фирма, вреден 1,6 милиони евра. Според партијата, овој момент е потврда дека членовите собрани околу платформата всушност одработуваат за власта, во насока на ситнење и слабеење на опозицијата. Во тој контекст,

Discovered by the rss-feed-index crawler, which checks each feed at most once a month.

Same record as JSON: https://api.agentalog.com/api/feeds/fd_360stepeni_mk_1e17072585b1659d. More from this site: 360stepeni.mk in the Feeds tab.