Skip to content
EN

Back to the catalog

a1on.mk
rss2American English

А1он

a1on.mk · American English

Нема компромис за вистината

rss2 wordpress content atom dc sy

Open the feed

https://a1on.mk/feed/

Last post
Sep 26, 2026
Posts in 24 h · 7 days · 30 days
10 · 10 · 10
Our last check
Answering
Served from
United States
Site title
Почетна - А1он
Text score at discovery
3,457
Format
rss2
Features in the feed
content, atom, dc, sy
Community
wordpress

Posts

What our queue read from this feed. Open one to read it here, or go to the site that published it.

  1. Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул
    Sep 26, 2026 · original
    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата во Њујорк се сретна со германскиот колега Јохан Вадефул, што е прва билатерална средба на министрите за надворешни работи на Русија и Германија од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, а според Москва, иницијативата за средбата дојде од германската страна. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на Телеграм објави дека Вадефул побарал средба со Лавров. Истовремено, таа ги критикуваше барањата на германската страна во врска со организацијата на средбата, вклучително и ограничениот пристап за медиумите, забраната за поставување прашања и забраната за аудиоснимање на воведните изјави. Деталите од разговорот меѓу двајцата министри засега не се објавени. Според извештаите на германските меди
  2. Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени
    Sep 26, 2026 · original
    Четворица италијански војници се повредени за време на воена вежба во Летонија, откако во нивното возило по грешка пукаше друго италијанско воено возило. Инцидентот се случи за време на вежба со боево гаѓање на воениот полигон Адажи, во рамки на активностите на НАТО. Според информациите што ги објави порталот „Ил Соле“, рафалот случајно бил испукан од вооружувањето на едно оклопно возило од типот „Дардо“ кон друго возило од истиот тип, кое се движело пред него. Во погоденото возило се наоѓале четворица италијански војници. Еден од нив се здобил со тешки повреди, иако според досегашните информации неговата состојба е стабилна и ниту еден од четворицата не е во животна опасност. Сите повредени војници веднаш добиле прва помош, а потоа се пренесени во болница во Рига, каде се на лекување и дополнителни медицински прегледи. Италијанските власти наведоа дека војниците веќе стапиле во контакт
  3. (ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева
    Sep 26, 2026 · original
    Хуманитарната ситуација во Олешки, во Херсонската област, е исклучително тешка и се наоѓа на работ на хуманитарна катастрофа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Според него, во Олешки речиси и да нема храна, а има извештаи дека дел од цивилите се принудени да преживуваат така што јадат трева и плевел. Ситуацијата дополнително ја отежнува сè потешкиот пристап до лекови, чиста вода, електрична енергија и медицинска помош. Меѓу луѓето кои живеат во такви услови има и деца. Сибиха ги повика Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите меѓународни организации да ги искористат своите капацитети за да овозможат доставување хуманитарна помош и безбедна евакуација на жителите кои сакаат да го напуштат градот. „Луѓето таму не можат да преживеат од изјави на загриженост. Хуманитарниот пристап и безбедната евакуација мора да станат реалност, бидејќ
  4. Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат
    Sep 26, 2026 · original
    Кина во саботата, на Генералното собрание на ОН, зазеде став против Соединетите Американски Држави. Во говорот по тој повод, Кина повика на почитување на суверенитетот на земјите од Заливот и побара „релевантната држава“ да престане со заканите кон Куба и да ја укине блокадата, пренесе Ројтерс. Потпретседателот Хан Женг не ги спомена експлицитно САД. Вашингтон започна кампања на притисок врз Куба, која во голема мера ги блокира испораките на нафта кон островот. Конфликтот меѓу САД и Иран започна со американско-израелските напади во февруари. Коментарите на Хан се во остра спротивност со пријателската атмосфера од почетокот на неделата, кога претседателот Доналд Трамп го прими кинескиот лидер Си Џинпинг во Белата куќа, со прелети на воени авиони и свечена државна вечера. „Големите сили имаат посебна одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Тие мора да бидат пример во п
  5. Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна
    Sep 26, 2026 · original
    Во силната експлозија која уништи трикатна зграда во атинската населба Плака загинаа најмалку две лица, додека по уште четири лица се трага. Несреќата се случи во историскиот центар на градот, во мала улица сместена меѓу познатите туристички атракции Акропол и храмот на Зевс. Животот го загубија маж и жена од Соединетите Американски Држави. Телото на жената е извлечено од урнатините во саботата наутро, додека пожарникарите набргу потоа потврдија дека е пронајдено и телото на мажот. Меѓу исчезнатите се уште двајца американски туристи, чие исчезнување е пријавено во полиција откако не се појавиле на летот од атинскиот аеродром. Покрај нив, се трага и по еден државјанин на Грција и еден државјанин на Велика Британија кои живееле во зградата. Истрагата се сомнева дека причината за трагедијата е истекување на гас. Силата на експлозијата била толку голема што зградата, во која се наоѓал апартм
  6. Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?
    Sep 26, 2026 · original
    Полицијата во Њујорк уапси двајца мажи кои, заедно со уште едно лице, биле забележани како излегуваат од шахта на градскиот канализациски систем. Тие биле фатени во близина на хотелот во кој, според медиумските наводи, требало да престојува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. Њујоршката полиција (NYPD) ги уапси 26-годишниот Кевин Родригез и 25-годишниот Самјуел Реверон под сомнение дека извршиле кривични дела поврзани со здружување и неовластено влегување на туѓ имот, пренесе Би-Би-Си. NYPD за Би-Би-Си соопшти дека во последните месеци се регистрирани повеќе случаи на луѓе кои влегуваат во канализацискиот систем во потрага по вредности и отпаден метал по невремиња. „Овој инцидент одговара на истиот образец, но од претпазливост, имајќи го предвид Генералното собрание на ОН и чувствителноста на локацијата, NYPD спрове
  7. Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец
    Sep 26, 2026 · original
    Мистеријата со човечките останки пронајдени меѓу отпадот во Загреб доби нов, особено потресен пресврт за регионалната ММА сцена. Имено, во боречките кругови и на социјалните мрежи се појавија информации дека пронајдените посмртни останки му припаѓаат на поранешниот ФНЦ борец Абрахам Салимон Аре, познат под прекарот Аби. Сепак, идентитетот на пронајденото лице засега не е официјално потврден. Загрепската полиција соопшти дека на 22 септември околу 14:30 часот, во областа Пешченица, во кругот на една компанија, е пронајдено тело на засега непознато лице. Полицијата ги утврдува сите околности на настанот. Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, при пребарувањето на поголема количина отпад најпрво е пронајден горниот дел од човечкиот скелет, додека следниот ден е пронајден и долниот дел. Пронајдените останки се пренесени во Заводот за судска медицина и криминалистика, каде тр
  8. Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси
    Sep 26, 2026 · original
    Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска беше во посета на Свети Николе, каде што имаше средби со граѓани и со земјоделци, на кои што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. Филипче нагласи дека криминалната власт на ВМРО во среде криза ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси. -Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. На огромни трошоци за горивото коешто достигна и 105 денари за литар, нема никаква помош за ниту една критична категорија на граѓани на коишто им е навистина потребна. Пензионерите се со најмалите пензии, социјалните случаи, семејствата со многу деца и луѓето со минимална плата – рече Филипче. Филипче посочи дека СДСМ во Собранието предложило мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците по
  9. (ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт
    Sep 26, 2026 · original
    Во изминатите денови Русија ги засили нападите врз дата-центрите и телекомуникациската инфраструктура во Украина, особено во Киев и Киевската област. Според украинското Министерство за дигитална трансформација, по нападите се појавиле проблеми со интернет-врската кои погодиле околу 100.000 домаќинства. Во петокот руски дрон погоди деловен центар во Киев во кој се наоѓал објект на телекомуникациската компанија „Datagroup“. Украинските власти соопштија дека во нападот загинале четири лица. Компанијата „Datagroup“ соопшти дека нејзините услуги и понатаму функционираат благодарение на резервните локации, додека техничките тимови ја проценуваат штетата и работат на поправка на оштетената инфраструктура. И претходните напади беа насочени кон инфраструктурата на неколку интернет-провајдери. Меѓу компаниите кои пријавија проблеми беа „Pavutyna“, „Utels“ и „Crazy Network“, а погодени беа и други
  10. Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации
    Sep 26, 2026 · original
    За патување низ светот понекогаш не се потребни ниту авионски билет, ниту спакуван куфер. Понекогаш е доволно само да одлучите што ќе јадете. По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, податоците за нарачките преку Wolt во Скопје, Битола, Охрид и Тетово покажуваат колку различни светски вкусови веќе се дел од секојдневниот избор. Речиси секоја петта нарачка од ресторан е избор од некоја од светските кујни, а турската, мексиканската и грчката се издвојуваат како најпопуларни. Дурум, тако и гиро веќе се добро познати избори, додека паста, суши, Pad Thai и Butter Chicken ја дополнуваат понудата со вкусови од различни делови на светот. Со различните ресторани достапни преку Wolt, изборот за ручек или вечера така лесно може да се претвори во мало гастрономско патување. Секој град има свој вкус Во Скопје изборот е најразновиден – од медитерански и италијански специјалитети, како паста к

Discovered by the rss-feed-index crawler, which checks each feed at most once a month.

Same record as JSON: https://api.agentalog.com/api/feeds/fd_a1on_mk_dc8ef47b5663bc7b. More from this site: a1on.mk in the Feeds tab.